Шанса за 2.500 семејства за сопствен дом

Bez autora
Jan 25 2012

Денес почнува аплицирањето за поволните субвенционирани станбени кредити од проектот "Купи куќа, купи стан". Стартот на овој голем владин проект кој е шанса за 2.500 семејства годинава да дојдат до покрив над главата. Аплицирањето за двата вида субвенционирани кредити, едниот во кој Владата плаќа половина од месечните рати во првите пет години од отплатата и вториот со партиципирање на државата во половина од учеството за добивање кредит, ќе трае до 1 март 2012 година. Потоа осумте деловни банки кои се вклучија во проектот ќе ги разгледуваат барањата, а првите одобрени кредити се очекуваат најдоцна во првите денови на април. Кој ќе добие кредит ќе одлучуваат банките, но доколку се пријават поголем број апликанти од предвидениот, за кој во државниот буџет се одвоени четири милиони евра, последната селекција ќе се прави во Министерството за финансии со користење на посебен софтвер, на транспарентен начин.

Шанса за 2.500 семејства за сопствен домДенес почнува аплицирањето за поволните субвенционирани станбени кредити од проектот "Купи куќа, купи стан".

Стартот на овој голем владин проект кој е шанса за 2.500 семејства годинава да дојдат до покрив над главата, вчера во Владата го објавија премиерот, Никола Груевски, и вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески, во присуство на голем број банкари.

Аплицирањето за двата вида субвенционирани кредити, едниот во кој Владата плаќа половина од месечните рати во првите пет години од отплатата и вториот со партиципирање на државата во половина од учеството за добивање кредит, ќе трае до 1 март 2012 година. Потоа осумте деловни банки кои се вклучија во проектот ќе ги разгледуваат барањата, а првите одобрени кредити се очекуваат најдоцна во првите денови на април. Кој ќе добие кредит ќе одлучуваат банките, но доколку се пријават поголем број апликанти од предвидениот, за кој во државниот буџет се одвоени четири милиони евра, последната селекција ќе се прави во Министерството за финансии со користење на посебен софтвер, на транспарентен начин.

Според Ставрески софтверот ќе им даде предност на граѓаните со пониски примања, кои бараат помал кредит. Во зависност од интересот, можно е во текот на годината за овој проект да се издвојат и повеќе пари и да има уште еден оглас за поднесување барања за кредитите.

Проектот "Купи куќа, купи стан", според премиерот Груевски е продолжение на активните мерки и политики на Владата за решавање на станбеното прашање на граѓаните, преку кои досега низ целата држава се изградија голем број комерцијални и станови за социјално загрозени, за млади брачни парови, за лица со ниски примања и за деца без родители.

- Овој проект претставува јасна демонстрација на волја и конкретна заложба на Владата за решавање на едно од најважните прашања во животот на илјадници наши граѓани, а тоа е обезбедување сопствен дом и дом за нивното семејство. Ваквата цел за голем број граѓани е постојана грижа, главоболка и долгогодишен проблем - рече премиерот.

Субвенционираните кредити се за сите граѓани, но во фокусот на проектот се младите, за кои нерешеното станбено прашање е причина тешко да се одлучуваат да стапат во брак, да имаат дете или да го прошират семејството. Груевски презентира статистички податоци кои покажуваат огромен расчекор меѓу бројот на изградените станови и бројот на склучените бракови. Во 2010 година во државата е изграден 871 стан, а склучени се 14.155 бракови.

- Владата сега им подава рака и на граѓаните кои имаат примања, но не им се доволни за да уплатат стан или да изградат куќа и да ги отплаќаат ратите за кредит - вели Ставрески.

Тој информира дека иако овие кредити се предвидени за купување новоизграден стан и за градење нова куќа, поради интересот на граѓаните, може да се опфатат и доградбите на куќи, но во тој случај градежната дозвола ќе треба да гласи на лицето кое бара кредит.

Ставрески им сугерира на граѓаните во користењето на кредитот повеќе да се насочат на изградба на куќа, зашто тоа е многу поевтино. Премиерот Груевски им порачува на градоначалниците во деталните урбанистички планови да исцртуваат повеќе локации за куќи, а на градежните компании им предлага да почнат да градат нови населби, кои потоа ќе ги продаваат куќа по куќа.

Со оглед на лимитираната вредност на станот до 900 евра со ДДВ за кој може да се добие субвенциониран кредит, Ставрески очекува дека годинава има доволно станови, претежно во внатрешноста на државата, но и во скопските населби како Кисела Вода, Карпош 4, Ѓорче Петров, Ново Лисиче. Тој се надева дека ако подоцна се појави недостаток, тоа ќе биде мотив за поттикнување на станбената изградба.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik